spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиМП: Луран Ахмети 1974 – 2021“ – промоција на поштенска марка

МП: Луран Ахмети 1974 – 2021“ – промоција на поштенска марка

Ахмети е еден од најталентираните актери на Албанскиот театар, кој зад себе остави длабоки траги преку ликовите кои ги толкуваше, како на театарската сцена, така и на филмското платно, рече во своето обраќање пред присутните генералниот директор Бујаре Абази, промовирајќи ја поштенската марка посветена на актерот Луран Ахмети.

Величествениот, Румелија, Долина на волците, Бал-кан-кан“,Тејкен2“, Лимоната,  се само дел од неговиот богат филмски опус – ликови кои маестрално ги донесе и ги одигра. Ахмети беше дел и од актерската екипа на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“.

За ликот и делото на Луран Ахмети на промоцијата говореа членови на најблиското семејство, а спомени за неговите лик и дело пренесоа и неговите колеги, актери,со кои заедно одигра голем број на претстави.

Поштенската марка „Луран Ахмети 1974 – 2021“ испечатена е во тираж од 6000 примероци, и со номинална вредност од 36 ден.

Дизајнер на поштенската марка е Тахар Алемдар, кој на ова мало парче хартија, со исклучителна вредност во светот на филателијата, го претстави ликот на Луран Ахмети и слики од неговите ликови, театарски и филмски.

 

 

 

Извор: Пошта

Прочитајте

Министерот Муртезани ја пречека Заменик-министерката во министерството за европски прашања, ...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска во својот кабинет ја пречека новоименуваната Заменик-министерка во министерството за европски прашања, Викторија Трајков. Тие разменија мислења...