Општина Ѓорче Петров стартуваше серија реконструкција на училиштата пред стартот на новата учебна година.

Во основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ интервениравме во делот на тоалетите и санирано е се што претходно претставуваше проблем при функционирањето.

Завршени се и молерофарбарските работи со што се создава подобар амбиент за престој на учениците и наставниот кадар. Променет е таванот во дел од тоалетите, санирани се плочките кои беа уништени. а променети се и дел од санитарните јазли.

Од оваа учебна година прв пат воведуваме и топол оброк за учениците од прво до трето одделение.

Извор: Општина Ѓорче Петров























