spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Градоначалничката Данела Арсовска денеска ја отвори манифестацијата “Денови на Мајка Тереза“ која е дел од богатата културна понуда во градот во пресрет на кандидатурата на Скопје – Европска престолнина на културата 2028. На настанот се отвори и изложба на мозаици во Спомен куќата на Мајка Тереза на улицата Македонија, на тема „Мајка Тереза – од Скопје до Калкута”, чиј автор е Изет Зеќири, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ Скопје.
Хуманите дела на нашата скопјанка Мајка Тереза како и нејзините пораки за љубов, мир и солидарност секогаш да се поттик за секој од нас. Да се биде човечен со грижа за оние на кои тоа им е најпотребно е наша секојдневна мотивација и приоритет – истакна денеска градоначалничката Арсовска.
Настаните во рамки на „Деновите на Мајка Тереза“ се организирани по повод канонизацијата односно прогласувањето на Мајка Тереза за светица, и истите се одржуваат од 25 август до 5 септември во Спомен куќата на Мајка Тереза.

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...