HomeМинистерстваМИОА: Алиу - Грижата за најчувствителната категорија и создавање инклузивно општество е...

МИОА: Алиу – Грижата за најчувствителната категорија и создавање инклузивно општество е наш приоритет. Со дигиталните апликации „Кико“ и „Хана“ веб страницата на МИОА ги исполнува европските стандарди

Веб-страницата на Министерството за информатичко општество и администрација и официјално ги исполнува европските стандарди, која сега е достапна и за лицата со попреченост.

Дигиталните апликации – Аудио читачи „Кико“ и „Хана“ ќе овозможат текстовите напишани на веб-страницата да се слушаат и разберат во аудио верзија. Освен лицата со оштетен вид, апликацијата можат да ја користат и лицата со потешкотии во учењето, лицата со дислексија и сите оние кои можат ќе подобро да ги разберат информациите во аудио формат.

На оваа тема се разговараше на средбата меѓу министерот Азир Алиу и Кристијан Лазарев од Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, при што министерот Алиу потенцираше дека користењето на ваквите апликации е нешто што е навистина потребно и ќе има позитивно влијание.

,,Затоа, ќе работиме заедно за да се надминат бариерите и да се обезбеди пристап за сите граѓани подеднакво. Грижата за најчувствителната категорија и создавање инклузивно општество е наш главен приоритет“, изјави министерот Алиу.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...