spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Бесплатна правна помош за жителите на Гостивар. Пристапот до правдата е...

МП: Бесплатна правна помош за жителите на Гостивар. Пристапот до правдата е еден од критериумите за членство во ЕУ

Министерот за правда Кренар Лога заедно со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и државниот секретар на Министерството за правда  Мухамед Точи присуствуваа на промотивната кампања за бесплатна правна помош во Гостивар.

Граѓаните имаа можност одблиску да се информираат и да добијат одговори за начинот на кој може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи го семејното насилство,старателство, дискриминација, социјална и здравствена заштита, работни спорови, оставински постапки.

Бесплатната правна помош е наменета за ранливите граѓани кои се во тешка финансиска состојба со што ќе им се овозможи да добијат правна помош од адвокат и фер судење.

Кампањата се реализира во различни региони во земјава и е поддржана од Европската Унија и Советот на Европа во соработка со Министерството за правда.

Пристапот до правдата е дел од Поглавјето 23 ,,Правосудство и фундаменални права”.

Нашата цел е да се хармонизираат правната рамка и политиките во однос на бесплатната правна помош во согласност со стандардите на Совет на Европа како и да се зајакнат капацитетите за давање на квалитетни услуги.

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...