spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски за ТВ21: САД сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ...

Ковачевски за ТВ21: САД сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ и поддршката и од ЕУ е најголема досега, блокадата е кочење подобар живот на граѓаните

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју за ТВ21 зборуваше за средбата со заменикот помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, во Скопје, како и за значењето на продолжувањето на европските интеграции.

„САД сакаат да ја видат Северна Македонија како дел од ЕУ. Тие беа наша најголема поддршка кога станувавме дел од НАТО. И според сè она што го носиме како вредности како општество, граѓани и држава, тие сметаат, а тоа не се разликува воопшто од она што ние сметаме, дека Северна Македонија покрај членството во НАТО, треба да биде дел и од ЕУ. Заложбите на Владата и она што Владата го работи како проевропска Влада апсолутно се совпаѓаат со стратешките интереси на САД и тоа беше истакнато, дека секогаш се ценат како партнери оние што се ЗА поддршка на НАТО и европските интеграции и на владеењето на правото во државите“, соопшти премиерот Ковачевски.

„Ако ја видите и денешната прес-конференција на претставникот на САД, тој јасно кажува дека партнери на САД се тие коишто се за НАТО интеграции ЕУ интеграции и за владеењето на право“, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата Ковачевски, оцени дека политика на блокада и изолација е кочење на процесите кои значат подобар живот и интеграција на државата.
„Да не заборавиме ние почнавме европски интеграции заедно со Хрватска 2006 година, денес Хрватска е земја членка на ЕУ, дел од Шенген и земја која воведе евро. А ние дури минатата година ги почнавме преговорите со ЕУ, благодарение на оваа Влада. Нашите граѓани не заслужуваат повторно да седат во чекалната како што изјавува претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, кој вели ако треба ќе чекаме 10 и 20 и 30 години“, констатираше премиерот Ковачевски.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...