spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Отворени нови специјализации, вложуваме во младите лекари

МЗ: Отворени нови специјализации, вложуваме во младите лекари

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити одржа средба  со деканите на медицинските факултети во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска, во Штип, проф. д-р Милка Здравковска  и претставник од деканатот на медицинскиот факултет во Тетово, проф. д-р Невзат Елези. На состанокот се разговараше за објавените нови огласи за специјализации на овие факултети, каде во тек е рокот за доставување апликации.

Првпат оваа година, специјализации се отворија и на Медицинскиот факултет во Тетово.

На средбата стана збор за предизвиците со кои се соочуваат специјализантите, како и за подобрување на условите за работа и едукација.

-Младиот кадар е иднината на здравствениот систем, во нив континуирано вложуваме со цел намалување на трендот на мигрирање на нашите едуцирани лекари во странство. Веќе е во тек процес за промена на правилникот за специјализации, согласно европските примери и практики, со цел надополнување на специјалистичкиот кадар согласно конкретните потреби на јавните здравствени установи, посочи министерот Меџити на средбата.

На средбата се разговараше и за можноста за околу 600 нови вработувања во областа на здравството кои се презентирани на седница на Влада, како и за можностите за вработување на приватните специјализанти.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте