spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Првпат набавен лек за пациенти со ретка болест - Ахондроплазија

МЗ: Првпат набавен лек за пациенти со ретка болест – Ахондроплазија

-Со големо задоволство можам да информирам дека три храбри дечиња со ретка болест го добија потребниот лек кој ќе влијае на подобрување на нивниот квалитет на живот.

Првпат со јавна набавка за обезбедување на лекови за ретки болести за 2023 година, набавен е лек за пациентите со ретка болест Ахондроплазија, објави министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на својот официјален Facebook профил.

Меџити информираше дека лекот Vosoritide е испорачан на Универзитетската клиника за детски болести и е обезбеден за три пациенти, како што било побарано од самата клиника.

За набавка на лекот Vosoritide обезбедени се дополнителни 50 милиони денари во буџетот на Програмата за лекување на лица со ретки болести.

Лекот е клучен за третманот на болеста и влијае на поттикнување на развојот на пациентите со Ахондроплазија, болест која се манифестира со џуџест раст, веднаш по раѓањето.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...