spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ на Бледскиот стратешки форум: Колку е подостижно проширувањето на ЕУ толку...

Маричиќ на Бледскиот стратешки форум: Колку е подостижно проширувањето на ЕУ толку е посилен гласот на Европа

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вчера учествуваше на панелот насловен „Збогум Европа! (?) – Глобален вазал или глобален лидер: Европа во новата геополитичка доба“, на кој рече дека проширувањето на ЕУ е нејзина најсилната политика, колку е подостижна толку е посилен гласот на Европа.

„Нашето партнерство со ЕУ е клучно. Но, без опиплив датум и план за пристапување регионот нема да се грижи за ЕУ, затоа е многу важен говорот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, според кој реформите во ЕУ и Западен Балкан треба да се случат во исто време и да се финализираат во 2030 година“, рече Маричиќ.

Маричиќ порача дека граѓаните на ЕУ и политичарите треба да знаат дека ако сега со временска рамка го поддржат проширувањето, тоа ќе им се врати со големи придобивки.

„Придобивките од ЕУ се потценети од младите луѓе и наша задача, на политичарите, е да ги нагласат придобивките и вредностите на ЕУ бидејќи се големи и ги има многу“, подвлече Маричиќ.

Тој додека дека војната во Украина беше аларм и предупредување за ЕУ, кој ги извади на површина сите слабости на Унијата, а најповеќе потребата од обединување на регионот и зајакнување на трансатлантското партнерство, кое е клучно за ЕУ.

Политиката за проширување треба да се сфати многу сериозно, потребен ни е план, во спротивност ако остане како ветувањето во Солун, тогаш ќе имаме големо разочарување. Западен Балкан не е во соседството, тој е во дворот на ЕУ, рече Маричиќ додавајќи дека Унијата заснована на вредности е подобра од империја бидејќи вредностите се клучни.

Според вицепремиерот Маричиќ трансатлантското партнерство е клучно за ЕУ бидејќи треба да се заснова на вредности, а потенцијалното флертување со Кина рече дека може да биде многу ризично.

„ЕУ покажа дека е глобален лидер, демонстрирајќи сила во тешки времиња за нејзините партнери кои се залагаат за европските вредности, ширум Европа и светот. Се потврди дека ЕУ води грижа и за нас како партнери и идна членка, за време на Ковид кризата, со енергетската и прехранбена криза, обезбедувајќи 80 милиони евра за енергија и многу други видови на поддршка“, укажа Маричиќ.

Маричиќ на почетокот на панелот изрази солидарност, партнерство и сочувство до Словенија и словенскиот народ порачувајќи дека случувањата во Словенија ги чувствуваме како да ни се случиле нас и укажа дека Северна Македонија е подготвена да и помогне дополнително на Словенија.

На панелот соговорници на вицепремиерот Маричиќ беа неговата словенечка колешка, Тања Фајон, Федерика Могерини, Аранча Гонзалез, Декан на Париско школо за меѓународни односи, Кристофер Смит, заменик асистент секретар за Централна Европа и Југо-Централна Европа и Мирослав Влачовски, министер за надворешни и европски прашања на Република Словачка.

Денеска завршува овогодишниот Бледски стратешки форум кој траеше од 27-29 август, во Блед, со наслов „Солидарност за глобална безбедност“.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Еко викенд со ,,Генералка Викенд“

0
Општина Карпош и оваа година се придружи на националната еко акција, ,,Генералка Викенд“, во која се спроведе активно чистење на територија на цел Карпош,...