spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаТивкото момче кое нé освојува со заразна насмевка, чита стрипови, свири гитара...

Тивкото момче кое нé освојува со заразна насмевка, чита стрипови, свири гитара и сонува за свој бенд

Филип Иванов е Административен специјалист за картички во оперативниот сектор на Iute Македонија и нашиот Iute Star за изминатиот месец. По тој повод, поразговаравме накратко со него околу неговото професионално патешествие, но ѕирнавме малку и во неговото приватно катче.

Кога велиме вработен на месецот, не ги земаме во предвид само неговите работни перформанси, туку и неговиот карактер, организациска култура и посветеност, и кон тимот и кон работата. Токму затоа, Филип ги исполнува сите критериуми на ѕвезда во нашиот тим.

 

 

Во Iute Македонија семејството си неполна година, но веќе носиш непроценливо искуство. Претстави нѝ се накратко?

Имам 31 година, иако секогаш велам дека по енергија се чувствувам барем 5 години помлад. Доаѓам од Кавадарци, а во Скопје живеам од 2019 година. Јас сум човек кој многу лесно и брзо се приврзува за места на живеење, а истовремено имам сменето 2 града и 4 локации на живеење.

Целото мое досегашно искуство е во делот на финансии, од кои 6 години во банкарскиот сектор, а остатокот во финансиски контролинг. На тимот на Iute се приклучив во ноември 2022, но имам впечаток како да сум многу подолго. Среќен сум што работам со супер тим на колеги со кои секојдневно се надополнуваме и учиме нови работи и пред се во компанија која има јасна визија, стратегија и расте заедно со своите вработени.

Што е она што посебно те влече како дневна пасија во твојата работа?

Картичното работење е специфично само по себе и без разлика на тоа што се смета за позадинско работење и не е видливо за очите на клиентите, може да се каже дека е еден од највиталните сектори. Тоа е идентично како да сте доктор во фудбалски тим. Постојано сте присутни на терен и никој не може да ја види, но ако вие не можете да ја завршите вашата работа, тогаш квалитетите и на најдобриот голгетер и сите останати играчи се залудни. Тоа ја прави секоја обврска во текот на денот специфична и возбудлива.

 

 

На што си посебно горд во поглед на твојата работа?

Непосредно по моето доаѓање, Iute беше првата финтек организација која ги пушти во оптек Мастеркард биоразградливите картички, воопшто во Македонија.

Јас бев дел од процесот на тестирање на првите примероци и исклучително сум среќен што целата таа миграција на салда и замена на постоечки пластики, вклучувајќи го и периодот на тестирање помина успешно, посебно со оглед на фактот дека бараше исклучително добра логистика и координација. Тестирањето и миграцијата на салда беше навистина посебен предизвик.

 

 

Што ти претставува најголемо задоволство додека си на твоето работно место?

Најмногу уживам во решавањето на комплексни ситуации и предизвици. Денот ми почнува со неколку активности коишто се поврзани со комплетирање на претходниот ден, а потоа се посветувам на решавање на промтни проблеми, интерно, но и со клиенти, и таа половина од денот е за мене најубав период од денот, затоа што бара брза реакција и респонзивност. Имало случаи со кога клиентот имал проблем на патарина не можел да плати, била потребна брза реакција и се средувало се за неколку минути.  Во време на брзорастечки технологии, дигитализација и ритам на живот, каде што секоја секунда е важна, потребите на клиентот се секогаш на прво место и нашата цел е да ги опслужиме најбрзо, најефикасно и пред се, одговорно и транспарентно.

 

 

Што е поразлично работењето во Iute, споредбено со твоето претходно работно искуство?

На почеток изгледаше можеби премногу апстрактно, но со секој нов ден сфатив дека како откривате нови тајни од картичното работење, работењето тука ве учи дека работите или се прости или се разложуваат на просто множители. Ова е нешто навистина уникатно.

Колку и да звучи клише, нашата работна атмосфера и тимска култура придонесува кон севкупниот исход и нашите резултати. Ние не само што сме одлични колеги сме и супер пријатели.

Само таков тим може и планина да помести.

Вљубеник сум во мото спортови, дакар, формула 1, рели дакар, а не сакам воопшто да возам кола. На работа обично доаѓам пеш, со точак или автобус.

 

Дали имаш хоби и што сакаш да правиш во твоето слободно време

Свирам гитара, читам стрипови, следам спорт. Желбата и страста кон гитарата ја наследив од мојот постар братучед. Имав и мои омилени бендови но во техничкиот дел, морам да кажан деја заслугата е негова. Освен тоа, страстен навивач сум на Јувентус, иако бев 12 години активен каратист. Во слободно време сакам да читам руска книжевност, омилена книга на која се навраќам многу пати е Лужиновата одбрана од Владимир Набоков.

Дали сакаш да сонуваш и кој е твојот животен драјв?

Секогаш целам кон тешко-остварливи нешта, тие ми се предизвик, а целите секогаш ги поставувам повисоко.

Многу често се водам според две изреки и мудрости кои ги применувам низ сите мои професионални и приватни патешествија, а тие се:

Како ќе си фрлиш зад себе, така ќе си најдеш пред себе.

Животот без музика би бил сериозна грешка.

Кога сме кај второво, искрено се надевам дека за 5 години отсега се надевам дека ќе имам мој сопствен хеви метал бенд и за првпат конечно Јувентус ќе освои лига на шампиони.

На Филип му посакуваме многу успеси во понатамошното работење и од срце му посакуваме остварување на сите желби.

 

 

 

Извор: ИутеКредит Македонија

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...