spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Со поддршка повеќе од 70 мали производители на храна се претставија...

МЗШВ: Со поддршка повеќе од 70 мали производители на храна се претставија на првиот Фестивал на храната одржан во Крива Паланка

Вчера во општина Крива Паланка, токму на денот кога се прославува патронот на градот и заштитник Свети Јоаким Осоговски, се одржа манифестацијата „Фестивал на храната“. Манифестација поддржана од стана министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за рурален развој како една од националните манифестации низ државава, за промоција на македонската храна и пијалаци произведени од малите производители на храна.

Учество на овој фестивал на храната земаа 70 изложувачи, мали производители на храна и вино од целата држава, дел од социо-економските партнери на министерството, Слоу Фуд, Федерација на фармери и Асоцијација на земјоделци, презентираат своите брендови.

Посетителите имаа можност да уживаат во штандови преполни со највкусната домашна македонска храна и вино. Домашен ајвар, малиџано, разни слатка, намази, маџун, масла, сирења, кашкавали и разни други производи, но и да го пробаат познатиот Паланечки симит и Паланечки зелник.

Изобилство на најшарените тегли наполнети со домашни производи, одгледани под ова наше небо, со зраците на нашето сонце, од рацете на овој наш вреден народ и од тефтерите со рецепти од нашите баби.

Како министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, една од нашите поставени цели е поддршка и развој на малите производители на храна и пијалаци. Во таа насока, од оваа година, за прв пат креиравме посебна програма за финансиска поддршка на малите производители на храна, преку грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...