spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски: Со изградбата на новиот мост на Љубљанска ги поврзуваме скопските општини,...

Ковачевски: Со изградбата на новиот мост на Љубљанска ги поврзуваме скопските општини, ја развиваме локалната инфраструктура и економија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, денеска изврши увид во градежните работи на мостот на Љубљанска во Општина Карпош.

Со поддршката од ТАВ, до крајот на годината е предвидено да се реализира мост со широчина од 24 метри со четири коловозни ленти, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни.

За изведба на градежните работи на мостот на Љубљанска во Општина Карпош се издвоени над шест милиони и 200 илјади евра, а со мостот ќе се овозможи меѓусебно поврзување на неколкуте општини, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел и Шуто Оризари. Проектот го изведува ТАВ Конструкшн, а подизведувач е ГД „Гранит“ АД Скопје.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата на премиерот Ковачевски во целост.

„Денеска, овде, во Општина Карпош, сме присутни за да се увериме дека активностите на уште еден успешен и многу значаен проект за Општина Карпош меѓутоа и за Град Скопје со којшто го подобруваме животот на нашите граѓани, а тоа е изградбата на мостот Љубљанска, се одвиваат со добра динамика. На реализацијата на овој проект изведувачите неуморно работеа во изминатиот период, период од една година можеме слободно да кажеме дека работите се изведуваа според планот и дека конечното архитектонско решение на овој мост ќе добие своја финална форма до крајот на годината.

Се надевам дека жителите од Карпош, Ѓорче Петров и сите овие населени места околу Вардар, ќе уживаат во придобивките на модерна и безбедна патна инфраструктура која ја обезбедуваме насекаде каде што треба да се инвестира.

Во наредните месеци ќе добиеме модерен мост со широчина од 24 метри со четири коловозни ленти, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни. Долната конструкција на мостот е веќе завршена и моментално се работи на средишниот горен дел, чиешто бетонирање на завршниот дел од горната конструкција е планирано да заврши во текот на идниот месец.

Сите столбови и сите основни елементи на мостот се веќе завршени, а подизведувачот моментално работи на поставување скелиња на горниот дел.

За изведба на градежните работи на мостот Љубљанска, се задолжени преку програмата на Владата и преку ТАВ изведувачите кои беа избрани, каде што имаме изведувачи и од земјава меѓутоа и подизведувачи од Франција,  издвоени се над шест милиони и 200 илјади евра, а со мостот ќе се поврзат општините Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел и Шуто Оризари преку другите сообраќајници кои гравитираат кон овој мост.

Мостот Љубљанска ќе ги зајакне контактите меѓу граѓаните, меѓутоа ќе го направи целиот овој дел којшто е тука зад нас многу поатрактивен за сопствениците, за инвеститорите, за стопанството и секако многу поатрактивен за граѓаните на Град Скопје и општините кои ги набројав.

Досега од ТАВ програмата се реализирани близу 80% од сите проекти кои беа предвидени и започнати, и нивната изведба се одвива според планираното. Од вкупно 83 започнати проекти во вредност од 50 милиони евра, до денес се завршени 64 инфраструктурни проекти и тоа во разни општини низ државата, водоводи, канализации, патишта и улици, спортски сали, здравствени објекти, градинки, младински центри и други објекти кои се наменети исклучиво за потребите на граѓаните.

Тековно се работи и на 19 преостанати проекти.

Ние и понатаму ќе продолжиме да ги поддржуваме сите овие проекти кои се од локално значење, без разлика на кој градоначалник од која политичка партија доаѓа бидејќи се работи за граѓаните и подобрување на нивниот живот. Исто така преку програмите за рамномерен регионален развој кој е воден од страна на Министерството за локална самоуправа по истите критериуми се инвестира во сите општини и за тоа може да се увериме преку посетите кои ги прави министерот Пенов на сите општини каде што веќе се реализираат проектите од оваа програма.

Владата во континуитет ќе продолжи токму на изградба на овие инфраструктурни проекти од значење за граѓаните.

Голема благодарност до изведувачите, до ТАВ, до сите кои работат на овој проект. Благодарност до општината.

Она што останува е Град Скопје да го заврши поврзувањето на мостот, од двете страни. На едната страна пред нас со булеварот „Илинденска“, и на другата страна од мостот. Така што, тоа е нешто што мора да биде направено исто кога ќе биде завршен и мостот со оглед на тоа што мостот секогаш претставува едно целосно архитектонско градежно решение поврзано со целата инфраструктура којашто оди заедно со овој мост кој ќе биде изграден“.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Петровец: Одржан четвртиот меѓународен турнир во бокс во Куманово

0
Се одржа четвртиот меморијален меѓународен турнир во бокс во Куманово „Мирослав Петровиќ“. И оваа година честа да го отвори овој турнир му припадна на...