spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски: Најстарата градинка во државата „Орце Николов“, добива нов објект по најсовремени...

Ковачевски: Најстарата градинка во државата „Орце Николов“, добива нов објект по најсовремени стандарди за згрижување и воспитување на децата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, присуствуваше на отворањето нов објект во состав на најстарата градинка во нашата држава „Орце Николов“, во скопската Општина Карпош.

Објектот е направен по современи стандарди, со поддршка од Светска банка и со него се зголемени капацитетите на градинката за згрижување за уште 100 деца.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на премиерот Ковачевски.

„Ние сме денес во првата градинка изградена во нашата држава и тоа со одлука на президиумот на АСНОМ, ако не грешам, отворена во 1945 година од каде што започнува и згрижувањето на децата во предучилишна возраст во нашата држава.

Ова градинка во февруари одбележува 78 години од своето постоење и денес присуствуваме на отворање на сосема нов објект во кој ќе бидат згрижени дополнителни 100 деца. Досега оваа градинка згрижуваше 400 деца што значи дека за ¼ се зголемува згрижувачкиот капацитет.

Оваа градинка и половината милион евра кои се вложени во овој прекрасен нов објект, изработен според најнови стандарди е дел од проектот којшто го работи Министерството за труд и социјална политика. Ние инвестираме 13 милиони во 16 нови објекти ширум државата. Минатата недела имавте можност да бидете дел од пуштањето на нова градинка во Пробиштип, пред тоа имавме пуштање на градинка во Струмица во Волково, во цела држава се пуштаат градинките.

Пред нас има уште проекти кои ќе бидат отворени меѓутоа денес тоа е токму овде, новиот објект на градинката „Орце Николов“. Се работи за објект кој е изграден со сите стандарди за згрижување на деца од најмала возраст во јасли и за повозрасни групи со сите потребни реквизити и сѐ она што значи успешно едуцирање на деца во предучилишна возраст и нивно воспитување.

Ова значи и нови вработувања во оваа нова градинка што значи дополнително вработување на наши сограѓани кои работат во оваа област.

Платите во згрижувачката и образовната дејност согласно договорот со СОНК беа зголемени за 15%, сега следува согласно потпишаниот колективен договор ново зголемување, како и порамнување на платите со минималната плата.

Тоа значи дека не само што се грижиме за децата да бидат згрижени во нови објекти туку да биде ценет и трудот на оние кои се грижат за нашите најмали а тоа се воспитувачите, воспитувачките во овие градинки.

Благодарам на министерката, на нејзините колеги во МТСП, да се заблагодарам на пратениците од Карпош. Тука е и пратеничката Георгиевска којашто секогаш во собранието ја истакнуваат Општина Карпош како нивни приоритет со оглед на тоа што од тука доаѓаат. И секако да се заблагодарам на градоначалникот и на администрацијата на Општина Карпош кои во најбрз можен рок ги подготвија сите документи со цел овој проект да може да отпочне и успешно да биде завршена неговата изградба.

Честитки за сите кои ќе бидат дел од работниот персонал тука и за сите деца кои ќе бидат овде сместени“.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Ново детско игралиште

0
Дечињата од населбата Илинден од денес добија ново детско игралиште кое се наоѓа во рамки на Домот на култура „Илинден“. Детското игралиште е ново освежување...