HomeВладаМаричиќ-Хурелбринк: ФЕС со поддршка за брз напредок во реформите и ЕУ агендата

Маричиќ-Хурелбринк: ФЕС со поддршка за брз напредок во реформите и ЕУ агендата

spot_img
spot_img

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со новоименуваниот директор на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС), а во присуство на директорот во заминување, Рене Шле.

Главна тема на состанокот беше зајакнувањето на соработката во идниот период, со посебен акцент на трансформацијата на државата во клучните области за пристапување во Европската Унија.

На состанокот од страна на новиот директор на ФЕС, Питер Хурелбринк, беше потврдена поддршката и заложбата на фондацијата во исполнувањето и достигнувањето на реформските процеси и ЕУ агендата.

Вицепремиерот Маричиќ на средбата ја потенцираше важноста на соработката со „Фридрих Еберт“ и го потенцираше значајниот придонес кој фондацијата ја дава на демократските и реформски процеси за исполнување на нашата стратешка цел, членството во ЕУ.

– Во периодов пред нас, кој ќе биде динамичен и важен поради процесот на пристапување во ЕУ, ќе ја продолжиме и унапредиме соработката и со нови активности ќе го зајакнеме нашето партнерство, рече вицепремиерот Маричиќ.

Маричиќ се заблагодари на досегашниот соработка на директорот на ФЕС во заминување, Рене Шле и му посака успех во понатамошните работни ангажмани.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија