spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение за јавноста

Град Скопје: Соопштение за јавноста

Почитувани,

Правото и слободата на говорот и јавното информирање е прво и основно правило на демократијата, се разбира само тогаш кога ова право не се злоупотребува како инструмент на политички и лични интереси и во свесно ширење на лаги и дезинформации.

Го осудуваме секое насилство кон новинарите, но и насилството од новинарите.

Апелираме Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ како и Македонската асоцијација на новинари-МАН сериозно и детално да ги разгледаат сите факти во врска со обвинувањата на репортерот Мартин Арсов, како и да го преиспитаат неговото членство во еснафските организации чии етички кодекси во целост беа прекршени од негова страна во текот на вчерашниот ден.

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Петровец: Одржан четвртиот меѓународен турнир во бокс во Куманово

0
Се одржа четвртиот меморијален меѓународен турнир во бокс во Куманово „Мирослав Петровиќ“. И оваа година честа да го отвори овој турнир му припадна на...