spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Од 1 до 5 септември втор рок за пријавување за субвенциониран...

МОН: Од 1 до 5 септември втор рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк

Студентите од втора и повисоките години, кои го пропуштија првиот рок за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024 година, можат да поднесат пријава од 1 до 5 септември. Пријавувањето се врши  преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, а по завршување на рокот за пријавување, кандидатите ќе добијат известување. Потоа, од Шпаркасе банка, како банка со која Министерството за образование и наука склучи нефинансиски договор за реализација на мерката, ќе бидат повикани да склучат договор за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка преку која единствено ќе можат да ги користат средствата.

Аплицирањето за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар ќе трае од 27 септември до 2 октомври.

Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите им се олеснува животот за време на студирањето. Финансиската поддршка во износ од 140 денари дневно е наменета за купување здрава храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...