spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Кино на отворено во Градскиот парк

Град Скопје: Кино на отворено во Градскиот парк

Вчеравечер повторно се уживаше во филмската вечер на отворено, организирана како дел од збогатената културна понуда на Град Скопје за своите граѓани и сите посетители во рамки на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година.

На добро познатата локација кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк, беше прикажан филмот „Панкот не е мртов” од режисерот Владимир Блажевски.

Филмските проекции ќе продолжат да се организираат секоја сабота до средината на септември, и се одлична можност за сите посетители за дружење на отворено и уживање во проекциите на македонските филмски хитови.

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Петровец: Средба на Југословенски боксерски легенди

0
Во Хотел Мирор во Петровец, на покана на вицешампионот во бокс на поранешна Југославија – Борче Митевски а воедно и актуелен градоначалник на Општина...