HomeОпштиниКисела Вода: Фестивал на инклузија

Кисела Вода: Фестивал на инклузија

spot_img
spot_img

Под покровителство на Општина Кисела Вода, од четврток, 07 до 10 септември 2023 година, во паркот Македонија, пред Домот на култура „Билјана Беличанец” ќе се одржи Фестивал на инклузија на тема “Културни политики за инклузија”. Настанот е во организација на Здружението за едукативни и хуманитарни активности ВИЗИЈА ПЛУС – Скопје, во соработка со Здружението за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост – Икуалити.

 

Програмата вклучува различни изложби, дискусии, работилници, проекции на филмови и концерти. Фестивалот ќе биде отворен утре, на 7-ми септември во 20 часот, со изложбата на уметнички фотографии на Драги Неделчевски и Небојша Гелевски, насловена „Запознавање и прифаќање” и музичкиот концерт на македонскиот трап-изведувач Пајак.


Следните два дена ќе бидат исполнети со неколку работилници за деца и млади, изведба на инклузивен хор на деца со и без попреченост, концерт на македонскиот фанк/алтернативен бенд Funk Shui, проекции на неколку филмови, инклузивна театарска претстава на танцовото студио Еурека Катерина, ретро музичка забава со Ламбе Алабаковски и пријателите „Македонија во 90-2000-тите”, забава со ди-џеј и уште многу други интересни настани.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија