spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Законот за сајбер безбедност и дигитална трансформација е објавен во ЕНЕР

МИОА: Законот за сајбер безбедност и дигитална трансформација е објавен во ЕНЕР

Додека светот, Европа, а со нив и Северна Македонија, се движат кон сè подигитална иднина, денес инвестирањето во дигитални вештини е неопходност. Поради оваа причина, приоритетна иницијатива на министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, која беше поддржана и од Владата, беше создавањето на Агенција за Дигитализација, која ќе служи како главна и одговорна институција за спроведување и координација на дигиталната трансформација.

Агенцијата за Дигитализација ќе се фокусира на четири столба:

Сајбер-безбедност: Агенцијата ќе даде приоритет на развојот на силни мерки за сајбер-безбедност за заштита на нашата дигитална инфраструктура, чувствителни податоци и приватност на граѓаните.

ИТ инфраструктура: Ќе инвестираме во градење и проширување на нашата ИТ инфраструктура, обезбедувајќи сигурни и достапни врски за сите граѓани.

Софтверски решенија: Агенцијата ќе промовира развој на иновативни софтверски решенија кои се однесуваат на уникатните потреби на нашето општество и придонесуваат за економски раст.

Академии и обука: Знаејќи ја важноста на дигиталните вештини, агенцијата ќе основа академии и програми за обука за да ги опреми нашите граѓани со знаење и експертиза потребни за дигиталната ера.

Законот за сајбер безбедност и дигитална трансформација е подготвен и објавен во ЕНЕР на јавна консултација.

Агенцијата за Дигитализација ќе има потенцијал да ги поврзе бизнисите, јавната администрација и граѓаните со најновите технологии и ресурси и да помогне да бидат глобално конкурентни и стратешки автономни, да го развиваат и водат општеството кон дигитална трансформација.

Со влегувањето во сила на овој закон ќе се обезбеди високо заедничко ниво на безбедност и заштита на мрежите и информациските системи за непречено функционирање на внатрешниот пазар, спречување инциденти од сајбер безбедноста, како и брз развој и ефикасна соработка за заштита на мрежи и информациски системи.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Министерот Муртезани ја пречека Заменик-министерката во министерството за европски прашања, ...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска во својот кабинет ја пречека новоименуваната Заменик-министерка во министерството за европски прашања, Викторија Трајков. Тие разменија мислења...