HomeМинистерстваМОН: Денешните најголеми критичари, во минатото најмногу доцнеа со набавките на...

МОН: Денешните најголеми критичари, во минатото најмногу доцнеа со набавките на учебници

spot_img
spot_img

Политичките субјекти кои денеска најмногу критикуваат дека се доцни со набавката и испораката на учебниците за основците и средношколците, всушност најмногу ги кочеа овие процеси кога во минатото раководеа со Министерството за образование и наука. Добро е да им ја освежиме меморијата дека токму пред 10тина години, кога нивни кадри управуваа со министерството, договорите за набавка на учебници беа склучувани после два-три месеци од отпочнувањето на учебните години.

Конкретно, договорите со издавачките куќи за откуп на учебници за основното и средното образование за учебната 2013-2014 година се потпишани на 29ти, 30ти и 31ви октомври, како и на 4ти ноември 2013 година. Значи учебници немало во текот на целото прво полугодие истата учебна година. Дополнително, дури кога учебниците биле набавени, истите не се испорачувале до одредени училишта под изговор дека се наоѓаат во далечни подрачја каде патот е „лош“, за што постојат и писмени реакции од тогашните училишни раководства.

За разлика од тогаш, денешното раководство на МОН и на другите надлежни институции во врска со набавката на учебници, сите надлежности ги преземаат навремено, многу порано од почетокот на една учебна година. Учениците, најголем дел од учебниците ги добиваат пред 1 септември, а мал дел во текот на септември. Нивното доцнење е поради тоа што постапките за нивна изработка и одобрување се пролонгирани од фактори на кои не може да се влијае институционално, односно не зависат од министерството.

Наместо манипулации со јавноста, потребна е искреност кон граѓаните и најважно, поддршка на заложбите за градење на квалитетно образование. Оние кои се занимаваат со креирање на лаги и шпекулации, време е да почнат да даваат конкретни и конструктивни идеи за модернизација на воспитно – образовниот процес, а ние остануваме отворени за соработка, дискусија и прифаќање на секој предлог кој е изводлив и може да придонесе кон остварувањето на целта.

 

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија