spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Владата ја донесе Националната стратегија за развој на винарството и лозарството...

МЗШВ: Владата ја донесе Националната стратегија за развој на винарството и лозарството 2023-2033

Како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на денешната седница ја донесе Националната стратегија за развој на винарството и лозарството 2023-2033.

Десет годишната стратегија е подготвена заедно и во соработка со стручната јавност, здруженијата на земјоделци и винариите.

Активностите за изготвување на овој стратешки документ отпочнаа уште во 2019 година, изготвувајќи екпертско истражување за состојбите со лозарството и винарството. Потоа продолжија со формирање на работна група составена од претставници на сите засегнати страни, кои треба да дадат придонес во изготвувањето на овој значаен документ, која пак работна група на низа работилници и дополнителни истражувања и анализи го изготви финалниот документ, кој беше јавно достапен за расправа.

Главна стратешка цел на десетгодишна стартегија за развој на винарството и лозарството е зајакнување на конкуретноста на македонската винска индустрија во делот на лозарството и винарството, со цел искористување на целосниот потенцијал на индустријата, да стане препознатлив вински бренд на регионалните и интернационалните пазари, преку фокусирање на локални сорти и поднебјата за истакнување на нивните најдобри карактеристики.

За реализација на поставената стратешка цел од Националната стратегија урврдени се следните стратешки приоритетни цели, како интеграција на чинителите во секторот, модернизирање на секторот, зголемување на препознатливоста на македонското вино на надворешните пазари и зголемување на извозот на различен опсег на пазари, развој на винскот туризам и мерки за заштита од климатски промени обезбедувајќи одржливост и зачувување на биодиверзититетот во лозовите насади.

Според поставените приоритетни цели во оваа Национална стратегија за развој на винарството и лозарството, крајниот резултат кој сакаме да го постигме е да имаме зголемување за 50% во литри и евра на извозот на вино во шишиња, зголемување за 10% на вредноста на наливното вино во евра, воспоставување на најмалку три заштитени географски ознаки, минимум 10% од виното пуштено во промет да носи географска ознака до крајот на 2033 година, за минимум 30% обновуање на лозовите насади и зголемување за 5% на површината под лозови насади и 4% од лозовите насади да произведуваат органско сертифицирано винско грозје.

Исто така како резултат на оваа десет годишна стратегија треба да произлезат селектирани клонови за Кратошија, Вранец и Станушина, да има јавно достапен и функционален дигитализиран лозарски катастар и развиен вински туризам со 15% зголемен број на посети во винарските визби до крајот на 2033 година.

Сите овие резултати ќе бидат постигнати преку имплементација на цел сет мерки содржани во стратергијата, а кој преку прецизен Акциски план детално би биле разработени со прецизни рокови за реализација.

Пред нас си поставуваме големи и реални цели за развој на овој сектор во следните десет години. Наш приоритет е македонското вино да биде надалеку прочуено, по својот квалитет, вкус и традиција.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте