spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Заедничката успешна соработка со We effect, МТСП и НФФ ги дава...

МЗШВ: Заедничката успешна соработка со We effect, МТСП и НФФ ги дава очекуваните резултати, креирајќи мерки за поддршка на жената земјоделец

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, беше домаќин на работниот состанок кој заедно со минстерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претставниците на We effect и Националната федерација на фармери, се одржа во министерството.

Меѓусебната соработка изминатиов период беше исклучително плоден. Заедно постигнавме големи резултати во насока на поддршка и унапредување на стаусот на жената земјоделка. Резултатите од успешната меѓусебна соработка е креирањето на трите многу значајни проекти, како мерката за поддршка на рурална жена, потоа донесувањето на програмата за мајчинство и програмата за откуп на свежо овошје и зеленчук, со која се обезбедува здрав оброк за дечињата во детските градинки.

Од 2019 година кога започна процесот за мерката 115  Рурална жена, до денес објавени се два јавни повици. Првиот јавен повик беше реализиран во 2021 година, со доделени договори за грант во износ до 3000 евра, за 250 жени регистрирани како носители на земјоделско стопанство. Вториот јавен повик беше реализиран минатата година, со двојно поголем грант, зголемувајќи ја поддршката од 3000 на 6000 евра по корисник. Кај вториот јавен повик за мерката рурална жена беа потпишани 70 договори.  Со вториот јавен повик за мерката, предност им дадовме на жените земјоделки регистрирани согласно Закон за вршење земјоделска дејност и Закон за ПИО. Со ова фокусот го ставивме на поддршката на жените кои се вистински земјоделки и на кои земјоделското производство им е основна дејност. За успешноста на мерката најмногу зборува бројот на регистрирани жени земјоделки. Само за споредба, од 2018, (пред почетокот на мерката), до сега имаме скоро 5000 нови регистрирани жени земјоделки.

 

Оваа година, жените земјоделки за прв пат во историјата добија право да користат платено отсустсво за мајчинство. Изнајдовме модел преку посебна програма, финансирана од буџетот на Платежната Агенција, на жените земјоделки да им се исплати еднократна финансиска поддршка во износ од 81.000 денари. 

Вкупната вредност на програмата е 4 милиони денари, за финансиска поддршка за евидентираните индивидуални земјоделки, кои ќе родат дете во текот на 2023 година (9 месечен додаток, односно 9.000 денари секој месец). Ова е преодно решение, но ние продолжуваме да работиме се до изнаоѓање на  системско решение, со кое трајно би можело да се уреди правото за платено породилно отсуство на жената земјоделка.

 

Минатата година, исто така, го реализиравме пилот проектот Здрав оброк за секое дете, Apple Pilot Project“. Беа откупени и дистрибуирани  743.000 килограми наши домашни јаболка на вкупно 186.000 ученици од 350 основни училишта во Северна Македонија, по четири килограми за секој ученик. Овој пилот проект, го продолживме и оваа година. За оваа година, издвоивме 40 милиони денари, со кои ќе се откупат 880.000 килограми домашно овошје од прва класа и тоа кајсии, праски, сливи, круши, јаболки. Дистрибуцијата веќе тече низ целата држава, а опфатени се 38.000 деца од сите градинки во државата.

 

Резултатите од овие три заеднички проекти се само потврда колку е плодна  соработка помеѓу министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерството за труд и социјална политика, We effect и Националната федерација на фармери. Како министерство и во иднина оваа соработка ќе ја продолжиме, со нови заеднички проекти, кои ќе придонесат за подобрување на состојбите во повеќе сектори на ниво на држава.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Министерот Муртезани ја пречека Заменик-министерката во министерството за европски прашања, ...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска во својот кабинет ја пречека новоименуваната Заменик-министерка во министерството за европски прашања, Викторија Трајков. Тие разменија мислења...