spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниМКаменица: Повикот за исплата на еднократна парична помош за новозапишаните првачиња

МКаменица: Повикот за исплата на еднократна парична помош за новозапишаните првачиња

Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и Правилник за доделување на еднократна парична помош на семејства со дете кое за прв пат е запишано во прво одделение во ООУ,,Св.Кирил и Методиј,, Македонска Каменица бр.08-1738/1 од 21.09.2022 година, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот:

ЈАВЕН ПОВИК

1.Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски, согласно Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица за 2023 година и согласно Правилник за доделување на еднократна парична помош на семејства со дете кое за прв пат е запишано во прво одделение во ООУ,,Св.Кирил и Методиј,, Македонска Каменица бр.08-1738/1 од 21.09.2022 година, упатува Јавен повик до сите семејста кои имаат деца кои за прв пат се запишани во прво одделение.
Јавниот повик се однесува за семејствата чие живеалиште е на територијата на Општина Македонска Каменица.

2.Родителите/старателите, кои ќе се пријават на јавниот повик кон барањето треба да достават:
– Потврда во оригинал за запишан ученик во прв одделение издадена и заверена од Основното Општинско Училиште „Св.Кирил и Методиј“ Македонска Каменица;
– Фотокопија од извод од матична книга на родените (за детето-прваче);
– Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа за еден од родителите/старателите или уверение за жителство не постаро од 6 месеци и
– Фотокопија од активна трансакциска сметка за истиот родител/старател од кој е приложена копија од лична карта или патна исправа *
Пријавата и потребната документација се доставува до архивата на Општина Македонска Каменица непосредно, по пошта или во електронска форма.
Пријавата се доставува во два примероци кои треба да бидат потпишани од родителот/старателот.
Во електронска форма пријавите и документацијата се праќаат на официјалната електронска адреса на Општина Македонска Каменица opstina@makedonskakamenica.gov.mk ; www.makedonskakamenica.gov.mk
со назнака ,,за јавен повик за доделување на еднократна парична помош на семејства со дете кое за прв пат е запишано во прво одделение во ООУ,,Св.Кирил и Методиј,, Македонска Каменица.

 

 

Рокот за пријавување е до 30 Ноември 2023 година

 

 

 

Извор: Општина Македонска Каменица 

Прочитајте