spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Градоначалникот Костадинов ги награди струмичките пожарникари со бесплатно паркирање на нивните...

Струмица: Градоначалникот Костадинов ги награди струмичките пожарникари со бесплатно паркирање на нивните семејни возила

На иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов, а со едногласна одлука од членовите на Советот на општина Струмица, сите вработени во Територијалната професионална противпожарна единица Струмица добија бесплатно користење на паркинг просторите на подрачјето на Зоните А и Б за нивните семејни возила.

Храбри, одговорни и пожртвувани професионалци, потврдени во многу домашни и меѓународни спасувачки мисии, тоа се нашите струмички Пожарникари. Тие се чувари на Струмица, на нашите животи и имоти од пожари и други елементарни непогоди и несреќи. Што и да направиме за нив е секогаш малку. И јас како градоначалник и граѓаните на Струмица сме горди што ги имаме и негуваме неизмерна почит и благодарност кон сите нив,

Струмичките пожарникари во многу ситуации покажале натчовечки напори за справување со огнените стихии во општината и поширокиот регион, а дел од нив беа вклучени и во мисијата за спасување на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција.

Извор: Општина Струмица

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...