HomeОпштиниСтрумица: Градоначалникот Костадинов на првачињата им ја подари претставата „Пат околу светот

Струмица: Градоначалникот Костадинов на првачињата им ја подари претставата „Пат околу светот

spot_img
spot_img

Во НУЦК „Антон Панов“, по иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов, се одржа настан посветен на првачињата од струмичките основни училишта кои на 1 септември за првпат го пречекорија училишниот праг. Специјално за нив беше изведена театарската претстава „Пат околу светот“, на која и претходеше обраќање на градоначалникот Костадинов, со кое на првачињата им посака успех во совладувањето на знаења и вештини.

Во своето обраќање пред струмичките првоодделенци градоначалникот Костадинов меѓу другото истакна: „Кога јас бев првооделенец бев исклучително горд, среќен и желен за нови знаења. Бидете такви и вие. Бидете послушни и вредни во совладувањето на нови знаења , бидете позитивни и со задоволство ширете го другарството меѓу вас, оти другарството е едно големо и непроценливо богатство. Само така ќе успеете да чекорите по вашиот вистинскиот пат во образованието. Само така ќе успеете да станете луѓе за пример и почит“.   

 

 

 

 

 

Извор: Општина Струмица

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија