spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски: Инвестираме во социјални станови за рамномерен раз

Ковачевски: Инвестираме во социјални станови за рамномерен раз

Владата има постигнато значаен напредок во зголемување на квалитетот на животот на граѓаните, а преку стратегија за социјално домување не дозволуваме ранливите категории граѓани да останат на маргините на општеството“, истакна премиерот Димитар Ковачевски денеска на доделувањето на социјални станови за 28 семејства од Гевгелија. Претседателот на Владата во своето обраќање истакна дека во изминативе години изградени се или во фаза на градење се над 860 социјални станови во Струмица, Гостивар, Македонски Брод, Пробиштип, Виница, Свети Николе, денеска освен во Гевгелија, 6 станови ќе бидат доделени на ранливи семејства во Демир Капија. Социјални станови ќе добијат и наши граѓани од Велес, Неготино, Бутел, Дебар и Кочани.

„Политиките кои ги креираме како Влада не дозволуваат да постои огромен јаз меѓу можностите и потребите на голем број домаќинства во нашата држава. Сакаме ранливите категории на граѓани да ги решаваат своите проблеми без поддршка на државата меѓутоа со оглед на тоа дека не секој има можности да го реши своето станбено прашање како поголемиот број други граѓани, државата е тука да помогне и да обезбеди домување на сите оние на кои тоа им е потребно“, рече претседателот на Владата, Ковачевски.

Премиерот истакна дека и оваа година Владата ќе ги заштити граѓаните исто како и лани за време на најголемата енергетска и економска криза. Годинава Буџетот на Министерството за труд и социјална политика, за социјални услуги е 5,5 милиони евра поголем од лани. Социјалната помош во изминатите неколку години, е зголемена за над 300 проценти.

На настанот на доделување социјални станови во Гевгелија беа и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски и директорот на АД за стопанисување на станбен и деловен простор од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев.

Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски, истакна дека на крајот од неделата ќе се отвори оглас за доделување на социјални станови за Неготино.

„Навистина ми е драго што социјалните политики што ги презема оваа Влада даваат конкретни резултати, а тие бенефити директно ги чувствуваат нашите граѓани. Денеска, посебно треба да ни биде мило за тоа бидејќи 28 семејства од Гевгелија добиваат шанса за нов почеток во животот. Да се има свој дом не е привилегија, тоа е хумано право на секој еден. Гевгеличани и Гевгелија ја имаат силната поддршка од централната власт, изминатите години тука реализиравме голем број проекти, завршивме големи инвестиции и мислам сите ќе се согласиме, сега Гевгелија е подобро место за живеење. Сакам да најавам дека до крајот на неделата планираме да го распишеме и јавниот повик за распределба на социјалната зграда и во Неготино“, рече министерот за транспорт и врски.

Директорот на АД за изградба и стопанисување со станбени и деловни објекти од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев рече дека социјалните станови се реализирани во предвидениот рок, а станбените објекти и во Гевгелија и Демир Капија имаат одреден број станови и за инвалидизирани лица.

„Становите се еднособни, со квадратура од 38-48м2, и за нашите сограѓани ќе значат нов почеток и поголеми можности. Во следниот период ќе бидат распределени и преостанатите 24 станови во зградата во Гевгелија, како и уште 10 станбени единици во објектот во Демир Капија. Двата објекта се завршени во предвидениот рок, согласно Договорот за градење, вкупната инвестиција за зградата во Гевгелија приближно изнесува 102.000.000 денари, а за Демир Капија 36.000.000 денари. Објектите согласно нашата досегашна пракса имаат одреден број станови наменети за инвалидизирани лица“, истакна Ѓоргијев.


Обраќање на премиерот Ковачевски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Гевгелија, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на АД за изградба на станбен и деловен простор Зоран Ѓоргијев на 28 семејства им доделија клучеви од социјални станови. Денеска беа доделени и 6 социјални станови на семејства од Демир Капија.

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално обраќањето на премиерот Ковачевски:
„Секогаш кога имаме ваква можност да се дружиме со оние кои што им е среќен ден велам дека кога ќе ве видам колку сте среќни, јас сум најсреќен денес. Сакам најпрвин да ви честитам.

Драго ми е што денеска сум овде заедно со вас кога можам слободно да кажам отворате едно ново животно поглавје за вас, исполнето со надеж за децата да имаат свое катче, вие да имате свое катче, знам дека животот знае да биде за некого подобар, за некого да биде потежок, меѓутоа затоа постојат пријатели, за тоа постои државата да им помогне на оние на кои тоа им е најмногу потребно. Затоа сме денес тука во Гевгелија каде ја ставаме официјално во употреба социјалната зграда во која ќе се вселат 28 гевгелиски семејства.

Во изминатите години изградени се или во фаза на градба се над 860 социјални станови, а тоа само по себе говори дека како Влада сме навистина посветени да направиме повеќе за оние кои што имаат најмногу потреба од државната помош.

Нашата стратегија за социјално домување не дозволува ранливите категории на граѓани да останат на маргините на општеството.

Политиките кои ги креираме како Влада не дозволуваат да постои огромен јаз меѓу можностите и потребите на голем број домаќинства во нашата држава. Сакаме ранливите категории на граѓани да ги решаваат своите проблеми без поддршка на државата меѓутоа со оглед на тоа дека не секој има можности да го реши своето станбено прашање како поголемиот број други граѓани, државата е тука да помогне и да обезбеди домување на сите оние на кои тоа им е потребно.

Денеска државата ќе додели станови за домување на 28 семејства овде во Гевгелија и на 6 семејства во Демир Капија. Такви социјални станови во социјални згради веќе се пуштени во употреба и се доделени становите во Струмица, Гостивар, Македонски  Брод, Пробиштип, Виница, Св.Николе, денес во Демир Капија исто и во Гевгелија.

Меѓутоа се во финална фаза на изградба и подготовка за поделба на станови и социјални згради во Велес, Неготино, Дебар, Бутел и Кочани.

Со креирање на социјалната политика го враќаме оптимизмот и вербата на граѓаните во просперитетна иднина на Северна Македонија. Владата на последната седница во четвртокот, утврди Предлог-одлука за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници со која се обезбедуваат повеќе пари како за граѓаните, така и за поддршка на стопанството. Се обезбедуваат средства за зголемување на платите во јавниот сектор за 10% согласно новиот колективен договор и финансиски средства за исплата на К-15 за вработените во јавниот сектор во износ од 10.000 денари до крајот на годината. Обезбедивме и дополнителни финансиски средства за ново зголемување на пензиите од околу 6% кое што ќе ја издигне пензијата на највисоко ниво досега, а обезбедивме и финансиски средства за сите оние лекови кои што ја преокупираа јавноста како и за сите потреби за поддршка на компаниите во делот на инвестициите и во делот на поддршка на вработувањата.

На тој начин се покажува како работи една домаќинска Влада и дека финансиските средства треба да се насочат кон граѓаните и кон она што е најголема потреба за граѓаните.

За таа цел беше и зголемен и Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за дополнителни 5,5 милиони евра со оваа предлог распределба што ќе овозможи исплата на сите оние средства кои ги заслужуваат граѓаните од ранливите категории.

И оваа година исто како и минатата нема да ги оставиме есента и зимата оние кои имаат потреба да ја дочекаат неподготвени, туку веќе подготвуваме нов, деветти пакет на антикризни мерки кој ќе биде насочен за најранливите категории на граѓани, ќе биде обезбедена поддршка за пензионерите, за младите, ќе биде обезбедена поддршка и за компаниите се со цел како во целиот изминат период да биде обезбедена субвенционира цена на електрична енергија која, да биде обезбедено непречено снабдување со топлинска енергија со оптимални цени за граѓаните на Град Скопје и да се обезбедат финансиски средства за оние кои немаат доволно да ги подмират своите сметки за огрев во текот на зимата.

На крај ви посакувам многу убави моменти со вашите најблиски, во вашите нови домови, нека ве служи здравјето. Со среќа нека ви е.“

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...