spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Традиционален годишен концерт на ансамблот „Билјана“

Охрид: Традиционален годишен концерт на ансамблот „Билјана“

Под слоганот „Една песна една приказна“ во предворјето на црквата „Света Софија“ се одржа единаесетиот годишен концерт на ансамблот „Билјана“, по повод 8-ми септември – Денот на незавиноста на Република Македонија.

Во рамки на концертната програма беа претставени неколку приказни за Охрид и неговата музичка историја, а наратор  на настанот беше биде Проф. Валентина Божиновска. Гости на годинешниот концерт беа Мартина Максимовска, професор по народно пеење и член на националниот ансамбл „Танец“ и Мухамед Бајрам од групата „Цар Самоил“, професор по виолина.

Ансамблот „Билјана“, како четврта трубадурска генерација во нашиот град тежнее кон зачувување и продолжување, а воедно и унапредување на музичката традиција. Настанот започна како чествување на шеесет години од формирање на ансамблот од страна на Кузман Поп-Стефанија и традиционално се одржува до денес како обид за зачувување на духот на охридската староградска песна.

Концертот е поддржан од Општина Охрид преку Програмата за култура за 2023 година.

 

 

 

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

Градоначалник Манчев: Од 2021 година си поставив за цел да го...

0
1. Какви реформи се случуваат во општинската администрација во Босилово? Реформите во делот на администрацијата се случуваат со законски измени или дополнувања на законите на предлог на Владата...