spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСтатииПатување во срцето на љубовта: Калкута на Мајка Тереза

Патување во срцето на љубовта: Калкута на Мајка Тереза

Пишува: Бујар Османи

Во распространетиот динамичен живот на Индија каде се испреплетуваат боите, звуците и мирисите, лежи бесконечен град како доказ за цврстиот дух на љубовта и добротата – Калкута. За време на мојата посета на Индија минатата недела, покрај формалните средби во Њу Делхи, издвоив неколку часа за посета на овој симболичен град, со околу 4,5 милиони луѓе, каде единствена дестинација ми беше „Куќата на Мајка Тереза“.

Позната во светот како светилник на надежта и љубовта, Мајка Тереза родена е овде, во Скопје. Како Албанка од моето родно место, нејзиното наследство е испреплетено со идентитетот на нацијата на која и припаѓа. Во нејзината рана младост живеела во Скопје додека наполнила 18 години, по што, патот ја одведе во Калкута, среде хаосот и предизвиците, каде го наоѓа нејзиниот вистински повик и токму тука, реши да се посвети на најсиромашните, на болните и на маргинализираните, со полно срце со љубов и внимание!

 

Импресивно но и трогателно беше искуството да се посети куќата токму во која Мајка Тереза поминала 47 години од својот живот. Чувство кое те здробува а воедно ти вдахнува храброст и гордост! Скромната средина како одзив за едноставноста на нејзиниот начин на живот, наспроти големината на нејзината мисија, беа тие две крајности што го опишуваат ова место. А нејзиното вечно почивалиште среде прометниот и безмалку блокиран сообраќај надвор, служи како постојан потсетник, дека мирот може да се најде дури и во срцето на хаосот.

Со волја и трпение! Не е случајност изборот на Мајка Тереза за Калкута да биде нејзино место на дејствување. Самиот град, со своите контрасти на богатство и беда, ги олицетворува предизвиците што таа се обидуваше да ги решава. Жителите на Калкута ја прегрнаа, а за возврат таа им даде љубов, надеж и достоинство.

За време на посетата имав привилегија да се сретнам и со архиепископот од Калкута. Нашите дискусии беа фокусирани на постојаните напори да се зачува наследството на Мајка Тереза и огромното влијание што нејзината мисија го имала врз безброј животи. Нејзиното влијание кое беше зачнато во Калкута се прошири насекаде низ светот, оставајќи ни аманет дека „најлошата болест е недостатокот на љубов“!

Оваа посета беше повеќе од еден дипломатски гест: беше еден вид мое лично поклонение. Приказната за Мајка Тереза не е само гордост за Северна Македонија, туку сведоштво за безграничната сила на човечкиот дух. Чекорејќи низ улиците на Калкута ја почувствував таа длабока врска, мостот меѓу Скопје и Калкута изграден врз темелите на љубовта и пожртвуваноста, отелотворени во ликот на Мајка Тереза.

Во овие времиња кога поделбите и крајностите се поизразени од кога и да е, животот на нашата Нобелистка нуди безвременска порака: дека вистинската промена започнува со љубов и услужување. Пишувајќи ја оваа колумна имам надеж дека нејзината приказна ќе послужи како потсетник за сите нас, да погледнеме вон ограничувањата и да ја видиме таа заедничка нишка на сплотеност од каде почнува човештвото.

Со својот богат мозаик на култура и историја, Калкута ми остави неизбришлива трага. Наследството на светата Мајка Тереза, монахињата која во педесеттите години од последниот век ја започна својата мисија, моментално брои пет илјади почесни сестри ширум светот, расветлувајќи го патот на љубовта и сочувство за сите. Како што кажал Дом Луш Ѓерѓи, еден од писателите на биографијата на Мајка Тереза: „Таа беше Љубов во дејство“! Затоа сите ја сакаат и почитуваат, насекаде низ светот!

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...