spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Македонското вино со одлични коменари на презентацијата од винската визија за...

МЗШВ: Македонското вино со одлични коменари на презентацијата од винската визија за Отворен Балкан во Виена

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во Виена, на покана од министерката за земјоделство на Република Србија, Јелена Танасковиќ, во рамки на Иницијативата Отоврен Балкан ги презентираше нашите македонски вина пред реномирани новинари, познавачи на виното, бизнис партнери, и купувачи од Австрија, Германија и Швајцарија.

Македонското вино е нешто со што се гордееме, најдобар промотер на нашата земја, и најгласниот и најдиректен маркетинг за нашата земја. Винската визија за Отворен Балкан е оригинален настан, најдобар промотер на нашата земја и можност да го презентираме нашето македонско вино.

Прекрасни коментари и критики за нашето вино можеа да се слушнат на винската презентација од страна на Питер Мозер, специјалист и вински новинар и извршен уредник на одделот за вино на водечкиот германски гурмански и вински магазин Фалстаф.

Преку нашето убаво македонско вино шириме позитивна енергирја и стекнуваме нови пријателства. Одлични оценки и коментари за македонското вино можеа да се слушнат и од австриската пратеничка Мариа Гросбауер и Ханс Шојфеле менаџер на Wine&Co.

За нас како министерство секторот винарство е високо во приоритетите. Вложуваме многу енергија и преку повеќе конкретни мерки го помагаме развојот на овој значаен сектор. Нашите вложувања ги даваат очекуваните резултати. Од година во година бележиме зголемување на извозот на флаширано вино. Како држава сме позиционирани на високото 13 место во светот по девизен прилив од извозот на вино. Македонското вино го позиционираме високо на винските мапи, а винскиот сектор е од стратешко значење за економијата на нашата земја.

Уште во 2019 година ги олеснивме условите за регистрација во Регистарот на производители на вино, придонесувајќи да се зголеми бројот на регистрирани винарии. Денес бележиме вкупно 248 винарски визби, од кои 166 мали семејни винарии.

Малите семејни винарии ги поддржуваме со грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство. Преку првиот јавен повик за поддршка на малите семејни винарии во 2022 година поддршка добија 59 мали винарии, со вкупна вредност од 34.500.000 денари. Оваа година на вториот јавен повик за поддршка на малите семејни винарии интересот е двојно поголем, со повеќе од 130 апликации.

Поддршка за развој на винариите обезбедуваме и преку ИПАРД програмата, овозможувајќи преку мерките од ИПАРД програмата поддршка за подигнување на лозови насади, набавка на опрема и проширување на производствените капацитети и вложување во развој на винскиот туризам.

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Петровец: Одржан четвртиот меѓународен турнир во бокс во Куманово

0
Се одржа четвртиот меморијален меѓународен турнир во бокс во Куманово „Мирослав Петровиќ“. И оваа година честа да го отвори овој турнир му припадна на...