spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Од Куманово и Илинден започна информативна кампања, ИПАРД 3 – НОВИ...

МЗШВ: Од Куманово и Илинден започна информативна кампања, ИПАРД 3 – НОВИ МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Од Куманово и Илинден започна Инфорамтивната тернска кампања за презентација на новостите и можностите со новата ИПАРД 3 програма.

 Информативна кампања ИПАРД 3 – НОВИ МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО, има за цел да ги доближи до секој еден потенцијален корисник сите новости и можности кој ги нуди оваа програма.

Први во регонот ја започнавме реализацијата на новата ИПАРД 3 програма вредна 97 милиони евра, европски неповратни средства, поврдувајќи го лидерското место.

На 1 септември го распишавме првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма кој се однесува за мерките 1 и 7 и на располагање ги ставивме првите 30 милиони евра за инвестциии преку новата ИПАРД 3 програма. Првиот јавен повик ги опфаќа мерките 1 и 7 однсно мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси. Овој јавен повик е отворен до 15 октомври, со можност за продолжување до 1 ноември 2023 година.

Информатвните презентации ги спроведуваат претставници на секторот ИПАРД при МЗШВ и Платежната Агенција, детално објаснувајќи ги новостите од ИПАРД 3 програмата, како и можностите за инвестиции со првиот јавен повик од ИПАРД 3 за мерките 1 и 7.

Дополнително сите заинтересирани корисници или група на граѓани кои пројавуваат интерес за одржување на инфо средба каде би биле запознаени со новата ИПАРД 3 програма, можат по електронски пат да закажат средба на меил адресата info@ipard.gov.mkили телефонски преку секторот за ИПАРД при МЗШВ https://rb.gy/0rbab

Во прилог распоредот на информативната кампања ИПАРД 3 – НОВИ МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Охрид: Успешно реализирана еколошката акција „Генералка Викенд“

0
Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во петокот на 17-ти...