spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Нов спортско-рекреативен центар “Го сакам Бутел”

Бутел: Нов спортско-рекреативен центар “Го сакам Бутел”

Градоначалникот Дарко Костовски го отвори новиот спортско-рекреативен центар “Го сакам Бутел” и истакна дека тоа е посебен момент. Местото на коешто тој израснал и многу други генерации, местото кое се нарекувало “ливада”, денес прерасна во нов модерен спортско-рекреативен центар.

Новиот спортско-рекреативен центар “Го сакам Бутел” содржи ново фудбалско игралиште со вештачка трева, нов терен за кошарка со сертифицирана FIBA подлога и детско игралиште со модерни содржини. Покрај спортските игралишта поставени се клупи и летниковец, ново лед осветлување, ново зеленило и целиот простор е хортикултурно уреден.

До крајот на мандатот на градоначалникот Дарко Костовски, секое населено место ќе добие свое катче за рекреација и спортување.

Општина Бутел се менува.

 

 

 

 

Извор: Општина Бутел 

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...