spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Издадени одобренија за градење, јули 2023 година

ДЗС: Издадени одобренија за градење, јули 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2023 година, се издадени 280 одобренија за градење, што е за 33.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 147 120 илјади денари, што е за 33.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 134 (47.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 89 (31.8 %) за објекти од нискоградба и 57 (20.4 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 280 објекти, на 139 (49.6 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 141 (50.4 %) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 218 станови, со вкупна корисна површина од 25 615 м2.

 

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk

 

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

Министерот Муртезани ја пречека Заменик-министерката во министерството за европски прашања, ...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска во својот кабинет ја пречека новоименуваната Заменик-министерка во министерството за европски прашања, Викторија Трајков. Тие разменија мислења...