spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Јавен повик за избор на 4 (четири) еТвинери, за учество на...

НАЕОП: Јавен повик за избор на 4 (четири) еТвинери, за учество на еТвининг семинар

Врз основа на Решение  бр.20-903/2 од 11.09.2023 донесенo од Директорот на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на 4 (четири) еТвинери, за учество на еТвининг семинар под наслов: „Нашите училишта: места на среќа и успех – поттикнување благосостојба и креативност преку еТвининг“ (Our schools: places of happiness and success – fostering well-being and creativity through eTwinning)
во период од 25 до 27 октомври 2023 во Белград, Србија

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува барање за објава на повик за избор на 4 (четири) еТвинери, за учество на еТвининг семинар под наслов: „Нашите училишта: места на среќа и успех – поттикнување благосостојба и креативност преку еТвининг“ (Our schools: places of happiness and success – fostering well-being and creativity through eTwinning) од 25-27 октомври 2023 во Белград, Србија.

Трошоци за учество

 

Националната агенција се обврзува да ги покрие целосно трошоците за настанот, а самиот учесник (индивидуално) е должен да го обезбеди транспортот до аеродром и назад и да си обезбеди патничко осигурување.

Критериуми за аплицирање

–    Лицето да е регистрирано во еТвининг порталот
–    Лицето да е вработен во основно, средно училиште или градинка
–    Лицето да има познавање на англиски јазик и ИКТ алатки

*Во изборот на учесниците влиајние ќе има: учество на претходни еТвининг семинари, застапеност по региони во Република Северна Македонија и постигната работа во еТвининг.

Р

Начин на аплицирање

Кандидатите е потребно да ги достават следните податоци најдоцна до 15.09.2003 година, на е-маил адресата aneta.zdravkovska@na.org.mk

–    еТвининг портфолио или кратка биографија
–    Податоци: име и презиме, телефонски број, е-маил, име на училиште и адреса на живеење.

Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 4 (четири) еТвинери, за учество на еТвининг семинар под наслов: „Нашите училишта: места на среќа и успех – поттикнување благосостојба и креативност преку еТвининг“ (Our schools: places of happiness and success – fostering well-being and creativity through eTwinning) кој ќе се оддржи од 25-27 октомври 2023 во Белград, Србија и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и ne-pravilnosti@na.org.mk.

 

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...