HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - Продолжуваме да работиме за подобра иднина на младите во...

МТСП: Тренчевска – Продолжуваме да работиме за подобра иднина на младите во нашата држава

spot_img
spot_img

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска потпиша меморандум за разбирање со Небојша Мојсоски, Раководителот на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности во Република Северна Македонија, потпишавме меморандум за разбирање помеѓу организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници и Министерството за труд и социјална политика. Воедно одржа средба со Кристофер Доџ ВД. Директорот на УСАИД на канцеларијата за економски развој.

 

Министерството за труд и социјална политика заедно со УСАИД во моментот работи на промоција на мерките и програмите од Оперативниот план за активни мерки и програми од 2023 година со цел поголема вклученост на младите на пазарот на трудот.

Тренчевска истакна дека иднината на државата треба да се гради со млади лица кои се општествено вклучени и се активни на пазарот на трудот. Таа посочи дека подобрувањето на квалитетот на живот на младите е приоритет на работата на министерството.

Меморандумот кој се потпиша помеѓу министерството за труд и социјална политика и организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници има за цел соработка во делот на активности коишто водат кон младинско учество, развој на вештини и вработување, поттикнувајќи ги младите да учествуваат во активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот (преку обуки, практикантство,  можности за вработување и сл.) коишто се конкретно наменети за младите, како дел од Оперативен план и активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година.

На состанокот беше дискутирано и прашањето за родовата еднаквост и поголема инклузија на лицата со попреченост како и нивното приклучување на пазарот на трудот. Беше истакнато дека делокругот на активности и соработка може да биде проширен на овие две теми.

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија