spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Средба на државниот секретар со директорите од основните училишта со ресурсни...

МОН: Средба на државниот секретар со директорите од основните училишта со ресурсни центри

Денес, 13.09.2023 година во Министерството за образование и наука се одржа состанок на државниот секретар со директорите на основните училишта со ресурсен центар.

Целта на состанокот беше да се разгледаат предизвиците и придобивките при реализација на инклузивното образование, како и квалитетот на соработка на основните училишта со ресурсните центри со основните училишта како двигатели на целиот процес.

Инклузивното образование е процес кој трае и процес во кој постојано треба да се инвестира со цел подобрување на квалитетот.

На состанокот се отворија повеќе прашања кои се произлезени од праксата, за кои дополнително  треба да се прават консултации или одредени измени во постоечката законска легислатива.

Со оглед на тоа дека основните училишта со ресурсен центар се одговорни за избор, селекција и вработување на образовните асистенти, на состанокот стана збор и за процесот и начинот на нивно кооординирање во основните училишта.

Заеднички заклучок е дека е потребно е континуирано професионално усовршување на полето на инклузивното образование на вработените во основните училишта со ресурсен центар, но и на вработените во основните училишта.

Исто така, потребно е зајакнување на соработката на образовните институциите за реализација на квалитетно инклузивно образование, како што се Службите за функционална проценка, Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат со основните училишта и со основните училишта со ресурсен центар.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...