spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Оџаклиеска на бизнис форум посветен на економиите на Западен Балкан од...

МЖСПП: Оџаклиеска на бизнис форум посветен на економиите на Западен Балкан од перспектива на 2030 година

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, учествуваше на регионалниот бизнис форум „Западен Балкан во 2030 година и пошироко“ во Белград, во панелот посветен на Зелената агенда за Западен Балкан.

1Според неа, економската и енергетската криза со која се соочува светот покажа колку е значајно една земја да биде независна и економски стабилна.

2– Тоа ги зајакнува нашите амбиции за реализација на планираната зелена транзиција како дел од Зелената агенда. Ние како држава се обврзавме интензивно да работиме за декарбонизирана иднина со потпишување на декларацијата од Софија за Зелената агенда за Западен Балкан, а сме и потписник на Парискиот договор – истакна Оџаклиеска.

3Таа додаде и дека идејата е да се изгради зелена економија од екосистемските услуги за кои имаме голем потенцијал.

– Имаме прекрасни места што треба да се видат, да понудиме одлични органски производи и традиционална храна, како и одлични можности за промоција на екотуризмот . Би сакале да видиме и нашите локални заедници да имаат корист од овие процеси затоа што навистина веруваме дека постои начин да се дојде до мир со природата и одржливо да се употребуваат нашите природни ресурси – рече заменик министерката.

На регионалниот бизнис форум претставници од бизнисот, политиката и граѓанското општество имаа можност да дискутираат за тоа како ќе изгледа регионот во 2030 година во однос на економскиот, политичкиот и социјалниот развој.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...