spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Документи за продолжување на ученичките стипендии се поднесуваат електронски и заклучно...

МОН: Документи за продолжување на ученичките стипендии се поднесуваат електронски и заклучно со 30 септември

Сите корисници на ученичка стипендија кои правото го оствариле во некоја од  изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, заклучно со 30 септември потребно е преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk  да достават потврда за редовен ученик во учебната 2023-2024 година и свидетелство од претходната учебна година.

Учениците кои нема да постапат согласно оваа насока, која воедно е наведена и во договорот што корисниците на стипендија го имаат потпишано со МОН, се смета дека се откажуваат од правото.

За било каква информација или прашање, учениците можат да се обратат на електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте