spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Николовски во вестите на Сител: Предлагаме по најмалку 12.000 денари по...

МЗШВ: Николовски во вестите на Сител: Предлагаме по најмалку 12.000 денари по хектар поддршка на лозарите за произведено винско и трпезно грозје, мерка што веднаш по завршувањето на бербата ќе ја предложиме до Владата

Еден од најзначајните сектори, за мене и министерството, е токму секторот лозарство и винарство. Ниту еден лозар нема да биде оставен сам, потенцира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски гостувајќи во Тема на денот на Сител телевизија.

„Она што можам да го најавам е дека 200 милиони денари ставаме на располагање за поддршка на лозарите за произведено винско, но и за прв пат, со поддршка и за прозиведено трпезно грозје и тоа по најмалку 12.000 денари по хектар. Ова е мерката што како предлог ја доставив до подсекторската група за вино и грозје“, истакна министерот Николовски.  

Климатските промени и честите дождови оваа година направија големи штети на лозовите насади и од овие причини годинава родот е намален и со послаб квалитет. Затоа како министерство веднаш по завршувањето на бербата, кога ќе ги имаме точните бројки, заедно со подсекторската група ќе ја финализираме предлог мерката и за усвојување ќе ја предложиме до Владата.

Со новиот модел за субвенициноирање лозарите до крајот на годината ќе ја добијат и исплатата на авансната исплата до 30% на основните субвенции, или12.000 денари, а остатокот од 28.000 денари, ќе им се доисплати во февруари, традиционално како и секоја година за празникот Св. Трифун.

Притоа информираме дека со новиот модел за субвенционирање кај лозарството нема услов за минимални количини на произведено и набрано грозје, што би занчело дека сите лозари независно од тоа колкава количина грозје произвеле, ќе ги добијат преостанатите 28.000 денари со поднесена изјава.

 

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Министерот Муртезани ја пречека Заменик-министерката во министерството за европски прашања, ...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска во својот кабинет ја пречека новоименуваната Заменик-министерка во министерството за европски прашања, Викторија Трајков. Тие разменија мислења...