HomeМинистерстваМЗШВ: Средба Николовски – Памер: Го отвораме патот за пласман на македонското...

МЗШВ: Средба Николовски – Памер: Го отвораме патот за пласман на македонското вино на австрискиот пазар

spot_img
spot_img

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вчера оствари работна средба со новиот австриски амбасадор во Ребулика Северна Македонија, Мартин Памер.

На средбата министерот Николовски и амбасадорот Памер разговараа развојот на винарството во нашата земја и поддршката која министерството ја дава за лозарите и винарите. 

Австрискиот амбасадор Памер е голем љубител на македонското вино и изрази желба да и помогне на нашата земја нашето убаво македонско вино да се најде на австрискиот пазар.

Мерките кои како министерство ги преземаме за поддршка на винскиот секот и лозарството даваат резултати. 

Од година во година бележиме зголемување на извозот на флаширано вино. Како држава сме позиционирани на високото 13 место во светот по девизен прилив од извозот на вино. Македонското вино го позиционираме високо на винските мапи, а винскиот сектор е од стратешко значење за економијата на нашата земја.

Северна Македонија и Австрија имаат долгогодишна соработка, а резултат од оваа успешна соработка се бројни странски инвестиции кој доаѓаат во нашата земја од Австрија.

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија