spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Соработката со Германија Ја зајакнуваме, бележејќи одлична трговска размена на нашите...

МЗШВ: Соработката со Германија Ја зајакнуваме, бележејќи одлична трговска размена на нашите македонски земјоделски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски  оствари прва работна средба со новоименуванаа германска амбасадорка, Петра Дрекслер. 

Германија е наш безрезрвен поддржувач и значаен партнер во интегрирањето на нашата држава во Европската Унија. Земја пријател со која бележиме одлична трговска размена на наши македонски земјоделски и прехранбени производи.

На средбата министерот Николовски и амбасадорката Дрекслерразгораа за претстојната посета во октомври на Федералниот министер за земјоделство и храна на Германија, Џем Оздемир. Значајна средба која е потврда за највисокото ниво на соработка во секторот земјоделство помеѓу двете држави. 

Дополнителна потврда за успешната сорбаотка меѓу Северна Македонија и Германија е успешното реализирање на фаза 1 и 2 од проектот Јужно-вардарска долина, како и инвестициите во 4 нови системи за наводнување финансирани преку Германската банка KFW. Уште една конкретна соработка бележиме и со Германското друштво за регионална соработка (GIZ).

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

МЗ: Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита

0
Информираме дека Министерството за здравство, денеска почнува национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“. Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО,...