МЕ: Со новиот Закон за нефер трговски практики ќе се намалат цените на храната и ќе се зголеми квалитетот на производите

МинистерстваМЕ: Со новиот Закон за нефер трговски практики ќе се намалат цените...

Најчитано

“Со новиот Закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи ќе се регулираат 26 нефер трговски практики. Неговата примена очекуваме веднаш да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на квалитетот на производите. Законот ќе ги уредува условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши, пред претставници на Стопанската комора на Северна Македонија каде што го презентираше новото законско решение кое е веќе објавено на Електронски национален регистар на прописи (ЕНЕР) и во наредните 20 дена е отворен за дискусија и забелешки.

Министерот кажа дека по завршување на дебатата за законот финалниот текст ќе биде доставен до Владата и потоа предложен до Собранието да се носи со европско знаме со оглед на тоа што во него се транспонирани најголем дел од европските регулативи.

„Сакаме преку дијалог и презентации на кои ќе бидат вклучени сите засегнати страни да се изнајде најдоброто решение за производителите и за трговците. Ова законско решение ќе ги уреди условите и начинот како ќе се врши трговија во делот на  на земјоделски и прехранбени производи и нема да се дозволи да се користи моќта на одредена компанија врз другите компании. Ова законско решение би требало веднаш откако ќе почне да се применува да влијае врз намалување на цените на прехранбените и земјоделските производи, да виијае врз подобрување на квалитетот на производите, како и да ја зголеми предвидливоста и сигурноста за работа и на добавувачите и на купувачите“ кажа министерот Бектеши.

Министерот потенцираше дека за прв пат во државата се носи вакво законско решение во кое има  наведено 26 нефер трговски практики кои ќе се уредуваат.

“Во Законот исто така е наведено  процентуално колку може да биде максималниот рабат кој може маркетите да ги бараат од производителите и добавувачите кои сега надминуваат над 30%-40% од цената. Со ова решение ќе биде ограничено на 10% и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе ланците на супермаркети што ќе влијае во намалување на цените“ кажа министерот Бектеши.

За непочитување на законските одредби засега во предлог решението се предвидени глоби до 20 000 евра, но министерот Бектеши кажа дека и за овој дел од текстот ќе се разговара дополнително.

За прилагодување на компаниите кон понудените решенија е одреден рок од шест месеци.

 

 

 

 

Извор: Министерство за економија 

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе