HomeМинистерстваМЗ: На клиниката за онкологија поставен новиот аксцелератор

МЗ: На клиниката за онкологија поставен новиот аксцелератор

spot_img
spot_img

Министерството за здравство ја информира јавноста дека на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија ќе се инсталира  линеарен аксцелератор за потребите на онколошките пациенти. На клиниката почна деинсталацијата на постојниот систем за радиотерапија, односно линеарниот акцелератор 356, стар околу 20-тина години.

Во тек се подготвителните активности за инсталација на неупотребениот линеарен акцелератор, кој беше купен пред седум години. Министерството за здравство ангажираше професионална компанија за деинсталација на постојниот акцелератор. По деинсталација на апаратот ќе следат активности за адаптација и реновирање на бункерот и инсталација на новонабавениот апарат.

Министерството за здравство информира дека и покрај овие активности на клиниката нема да се наруши работата со пациенти и таа ќе се одвива непречено. На оваа клиника во функција се уште три апарати за радиотерапија.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија