HomeМинистерстваМЗ: Европски ден на органодонорство - За три години 67 лица добиле...

МЗ: Европски ден на органодонорство – За три години 67 лица добиле шанса за живот

spot_img
spot_img

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити  заедно со амбасадорот на Европска унија во земјава, Дејвид Гир и националниот координатор за трансплантација, доц. д-р Маја Мојсова Мијовска учестуваше на одбележувањето на Европскиот ден на органодонорство.

-Со гордост можам да кажам дека во Северна Македонија постои систем во Министерството за здравство, кој е клучен предуслов за успех во трансплантациите на органи. Сакам да упатам неизмерна благодарност до сите семејства кои се согласија во најтешките моменти да ги донираат органите на своите блиски и со тоа спасија многу животи. Токму семејствата на донорите, ја подигнаа јавната свест за органодонорство во земјава, со што ќе спасат уште многу животи, за тоа сме им бескрајно благодарни.

Сакам да упатам благодарност и до сите лекари и медицински персонал, кои учествуваат во процесот на трансплантции, со вашата стручност и посветена работа направивте многу, истакна министерот Меџити.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија