spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Пристигнати 58 барања од последниот повик за мерка 3 од ИПАРД...

МЗШВ: Пристигнати 58 барања од последниот повик за мерка 3 од ИПАРД 2 во вредност од 8,8 милиони евра

Успешно заврши последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.Вкупно на овој јавен повик се пристигнати 58 барања во вредност од 8,8 милиони евра. Големата заинтересираност уште еднаш ја потврдува оправданоста на министерството и АФПЗРР да го распишат и овој последен јавен повик од ИПАРД 2 програмата, ставајќи ги на располагање за инвестиции и последните слободни средства од ИПАРД 2 програмата.Со реализација на овие барања силно ја потврдуваме и лидерската позиција на државата во искористеноста на ИПАРД средствата, достигнувајќи вкупна реализација на ИПАРД 2 програмата од 100%.Кај овој јавен повик инвестициите се оденсуваа на приоритетни сектори, за следниве типови на инвестиции: Млеко и млечни производи; Месо и производи од месо ( вклучувајќи јајца и живина); Овошје и зеленчук (вклучувајќи ги компирите, печурките и легуминозните култури); Житарици, мелнички продукти и скроб; Растителни производи и масла и маснотии од животни; Шира, вино и оцет; Производство на енергија преку погони за преработка и производи од животни од примарната и секундарната биомаса, со исклучок на биомаса од рибни производи.Кај овој јавен повик не беа прифатливи инвестиции во градежни работи, а повикот беше наменет исклучиво за набавка на опрема за преработки.ИПАРД е нашата успешна приказна, најголем успех со кој сите треба да се гордееме. Ние сме лидери во регионот со најголема искористеност, од засега, 98% на средства од ИПАРД 2 програмата, со склучени 2369 договори, но и прва земја во регионот подготвена да започнуваме со ИПАРД 3 програмата.

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...