spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: СООПШТЕНИЕ - Он-лине Младинска Картица

АМС: СООПШТЕНИЕ – Он-лине Младинска Картица

Почитувани млади,

Со задоволство ви соопштуваме дека Младинската Картица е достапна за ваше он-лине користење. Сакаме да ве известиме дека, со цел да го подобриме и олесниме процесот на користење на Младинската Картица, од денес, картицата ќе се издава и води исклучиво во онлајн форма. Оваа промена има за цел да ви овозможи понатамошен комодитет и пристап до сите предности и попусти поврзани со Младинската Картица. Корисниците ќе видат во апликацијата, во кои држави можат да ги користат попустите.

Оваа картица го вклучува секој млад со возраст од 15 до 29 години.

Истовремено, Ве информираме дека за кратко време, од Агенцијата за млади и спорт, ќе ви бидат пратени ЕYCA (кодови) броеви, кои се потребни за понатамошна регистрација на вашата Младинска Картица. Со овој број, ќе можете да ја завршите процедурата на активација на картицата, во он-лине форма.

За да ја искористите оваа можност, преземете го апликацијата за Младинска Картица, и тоа

    • За Android: Преземете ја апликацијата од Google Play Store преку следниот линк: Андроид Апликација.
    • За iOS: Преземете ја апликацијата од Apple App Store преку следниот линк: iOS Апликација.

Ви благодариме за вашиот интерес и ви посакуваме пријатно користење на вашата Младинска Картица.

 

Со почит,

Агенција за млади и спорт

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

ПРЕТХОДНА ОБЈАВА
СЛЕДНА ОБЈАВА

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...