spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСтатииБесими: ММФ ги покачи очекувањата за раст на македонската економија за годинава

Бесими: ММФ ги покачи очекувањата за раст на македонската економија за годинава

Направен е значаен чекор напред на односите на Република Северна Македонија со Групацијата на Светската банка, со тоа што стана земја-контрибутор (донатор) кон Меѓународната асоцијација за развој (ИДА), фонд на Светската банка. Во фондот членуваат сите земји-членки на Светската банка, а самиот факт дека започнавме да придонесуваме во фондот, значи дека нашата економија постигнала повисок степен на развој, пишува во најновата колумна, министерот за финансии, Фатмир Бесими и истакнува дека сигналите кои ги даваат меѓународните финансиски институции за македонската економија преку есенските проекции, повикуваат на внимателност, но исто така тие очекуваат нашата економија допрва да се развива и да испорачува резултати.

„Создаваме економски раст во услови на економска стагнација кај нашите главни економски партнери, и кризи кои не стивнуваат. Водиме прудентна фискална политика со намалување на буџетскиот дефицит, а притоа се обезбедуваат средства за поддршка на најраливите категории на граѓани и стопанството преку поволни кредити погодени од кризите, заштита на стандардот на граѓаните преку растот на платите и пензиите при намалување на инфлацијата (инфлацијата од 19.8% во октомври 2022 година се сведе на 6,6% во септември 2023 година и истата ќе продолжи со надолен тренд и натаму). Продолжува да се намалува невработеноста и во февруари 2023 година се сведе на 13,1% и истата пред Ковид беше 17,3%, после Ковид продолжува и трендот на намалување на сиромаштијата. Инвестициите растат, и истите достигна ниво од 35% од БДП во 2022 година (што е повисоко од нивото пред Ковид, а во 2020 година се симнаа на 29%), од кои само странските инвестиции достигнаа ниво од 5,2% од БДП што е значајно зголемување три години по ред, односно 1,4% и 3,3% во 2020 година и 2021 година. Исто така, значаен придонес во расстот на инвестициите имаат и јавните инвестиции, кои се планираат оваа година на ниво од 5% од БДП што е двојно повеќе од поранечниот просек. Движењата во надворешната трговија во 2023 година придонесоа за намалување на трговскиот дефицит за 30% во однос на истиот период од 2022 година. Ваквите движења кои се резултат на економските политики и реформи придонесоа за подобрување и потоа одржување на кредитниот рејтинг на земјата во годините после Ковид кризата“, истакнува Бесими.

Тој посочува дека ММФ ги покачи очекувањата за раст на македонската економија за годинава (од 1,4% на 2,5% раст на БДП во 2023 година) и покрај тоа што значително ја намали проекцијата за ЕУ и Германија, како наши трговски партнери, а исто така проспектите за раст на економијата се подобруваат на среден рок. Ова го покажува и Регионалниот економски извештај за Западен Балкан кој го објави деновиве Светската банка (на среден рок предвидуваат забрзување на економскиот раст), каде се посочува дека евроинтеграциите ќе го забрзаат реформскиот процес и ќе го зајакнат капацитетот за раст на домашната економија. Исто така, тие перспективите за раст ги базираат и на зголемените инвестиции и подобрување на инфраструктурата.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте