HomeМинистерстваМФ: Министерот Бесими се сретна со новоименуваниот австриски амбасадор Памер – Австрија...

МФ: Министерот Бесими се сретна со новоименуваниот австриски амбасадор Памер – Австрија значаен поддржувач на евроинтеграциските процеси и инвеститор во земјава

spot_img
spot_img

Министерот за финансии Фатмир Бесими оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во РС Македонија Мартин Памер, на која беше потврдена досегашната успешна соработка помеѓу двете земји и поддршката што ја добиваме од Република Австрија за европската перспектива.

На средбата министерот Бесими му посака добредојде и успешен мандат на амбасадорот Памер, како и успех во продолжувањето и унапредувањето на соработката помеѓу двете земји. Република Австрија е значаен поддржувач на РС Македонија во евроинтеграциските процеси и значаен инвеститор во земјава, а во иднина се очекува тие процеси да се надоградуваат и надополнуваат.

Со поддршка од Австрија се спроведуваат повеќе проекти коишто се во насока на зајакнување на капацитетите на институциите со цел нивна подготвеност за европските процеси. Двете земји потпишаа договори за заштита на инвеститорите, што е значајно за остварување повеќе странски инвестиции во земјава. Во последните 10 години Австрија има инвестирано над 500 милиони евра во РС Македонија. Дополнително, активностите што се преземаат ќе влијаат и врз зголемување на трговската размена којашто оваа година бележи двоцифрен раст.

 

 

Извор: Министерство за финансии 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија