spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Средба Бесими – Бо Ли - РС Македонија продолжува со спроведување...

МФ: Средба Бесими – Бо Ли – РС Македонија продолжува со спроведување здрави политики, потврдени со ПЛЛ

РС Македонија води здрави макроекономски политики. Тоа минатата година го потврди Меѓународниот монетарен фонд со одобрувањето пристап на нашата земјата до средства од Програмата за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). Поволните средства обезбедени преку оваа програма претставуваат основ и даваат гаранција за спроведување на таквите политики и во наредниот период. Ова беше заклучено на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ во Маракеш, Мароко.

„Минатата година Меѓународниот монетарен фонд, преку Програмата за претпазливост и ликвидност – ПЛЛ, на РС Македонија ѝ стави на располагање 530 милиони евра. Тоа беше дел од нашите напори, во услови кога на финансиските пазари цените се високи, да обезбедиме средства по најповолни услови, од една страна, а од друга страна добивме и потврда за исправноста на политиките што ги водиме. Од обезбедените средства 110 милиони евра се веќе повлечени и ставени во функција на справување со енергетската криза и инфлацијата“, рече министерот Бесими.

Тој потенцира дека останува определбата за обезбедување финансирање на Буџетот по најповолни услови и во рамки на тоа спроведување постепена фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит.

„Фискалната политика предвидува етапна фискална консолидација. Буџетскиот дефицит од 4‚6% во 2023 година, колку што е проектиран, се предвидува да дојде до 3,4% во 2024 година, 3% од БДП во 2025 и до 2028 година да се намали на 2,5%“, посочи Бесими и потенцира дека притоа учеството на капиталните расходи се зголемува на 5% од БДП на годишно ниво, што е суштинско за обезбедување повисоки стапки на економски раст.

Како што беше истакнато на средбата, од Буџетот редовно се сервисираат сите обврски. Буџетскиот дефицит останува на исто ниво во номинален износ, иако беше направена прераспределба на средства заради исплата на зголемените плати за јавната администрација и зголемените пензии. Воедно се креираат и мерки за справување со ценовната и енергетската криза, за што во Буџетот се издвоени 225 милиони евра, а со прераспределбата и дополнителни 4,55 милијарди денари.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...