spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: ММФ ги подобри проекциите за растот на македонската економија за 2023...

МФ: ММФ ги подобри проекциите за растот на македонската економија за 2023 година

Меѓународниот монетарен фонд со есенските проекции ги подобри очекувањата за растот на македонската економија. Во Светскиот економски преглед, којшто Фондот го објави вчера, растот на домашната економија за 2023 година е проектиран на 2,5% или за 1,1 процентен поен повисоко во однос на нивните проекции од април годинава. Во однос на стапката на инфлација, ММФ очекува таа да продолжи да се намалува оваа и следната година, додека во 2025 година би се вратила на ниските вредности од околу 2% и би се задржала на тоа ниво следните години.

Проекцијата на ММФ за растот на македонската економија е блиска до проекцијата при подготовката на Нацрт-буџетот за 2023 година. Интересно е дека ММФ значајно ги подобрува изгледите за домашната економија за годинава, истовремено кога минимално ги намалува проекциите на нашите најголеми трговски партнери – еврозоната и Германија на 0,7% и -0,5% во 2023 година, што укажува на поголема отпорност и подобри перформанси на економијата, имајќи го предвид неповолното влијание од окружувањето.

Очекувањата за растот во регионот во најголем дел се блиску до очекувањата за домашната економија (Бугарија 1,7%, БиХ, Србија и Словенија 2%, Грција 2,5% и Хрватска 2,7%), додека малку повисок раст се очекува во Албанија, Косово и Црна Гора (3,6%, 3,8% и 4,5%, респективно). На среден рок, ММФ очекува забрзување на растот на домашната економија на 3,5%, намалување на долгот на општата Влада и намалување на стапката на невработеност.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...