spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Зелените обврзници и Фондот за енергетска ефикасност дел од чекорите за...

МФ: Зелените обврзници и Фондот за енергетска ефикасност дел од чекорите за развој на зелена економија

Министрите за финансии имаат значајна улога во забрзувањето на акцијата за ублажување на климатските промени преку активности во јавниот сектор и да создадат услови што ќе овозможат приватниот сектор да ги зголеми зелените инвестиции. Ова е пораката од министерскиот состанок на Глобалната коалиција на министри за финансии за климатска акција, на која учествуваше министерот Фатмир Бесими, а се одржа во рамки на Годишните средби на ММФ и Светска банка во Маракеш, Мароко.

Министерот за финансии Фатмир Бесими во август годинава беше избран за полноправен член на оваа Глобална коалиција, во која членуваат министри за финансии на 90 држави и претставници на 26 институционални партнери, а која има за цел координирање на активностите на министрите во насока на почитување на преземените обврски од Парискиот климатски договор и Хелсиншките принципи за климатска акција.

„Зелена економија е отпорна економија, која пружа подобри услови за живот за сите граѓани. Затоа нашата определба е обезбедување забрзан економски раст кој се заснова на зелени инвестиции и овој приоритет е поставен во повеќе стратешки документи на Владата и Министерството за финансии, коишто се компатибилни со мисијата на Коалцијата. Го усвоивме Планот за забрзан економски раст во кој приорирет е заштита на животната средина“, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој потенцира дека минатата недела беа направени  два системски значајни чекора кон развојот на зеленaта економија и тоа со усвојувањето на Законот за Развојната банка со кој се  формира Фонд за енергетска ефикасност и со издавањето на првите зелени обврзници како извор за финансирање зелени проекти.

Фондот ќе функционира како организациска единица во рамки на Развојната банка на РС Македонија и преку издавање грантови, поволни кредити и гаранции ќе поддржува проекти од јавниот и приватниот сектор за енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Почетниот капитал на Фондот е во износ од 15 милиони евра, од кои 5 милиони евра се добиени преку Проектот за енергетска ефикасност од Светската банка, а 10 милиони евра од издадените зелени обврзници. Во иднина тој ќе се надополнува од нови емисии на зелени обврзници и други извори  на финансирање.

Зелените обврзници, како нов инструмент, беа воведени на пазарот минатата недела со одржување на првата аукција на која беше запишана сума од 600 милиони денари, износ кој ќе биде внесен во Фондот за енергетска ефикасност.  Станува збор за државни хартии од вредност чија намена е поддршка на зелените проекти во земјава, односно финансирање проекти за енергетска ефикасност и од областа на животната средина, а со цел забрзување на зелениот раст, но и развој на пазарот на капитал во земјава, преку диверзификација на понудата со нови инструменти.

По учеството на министерскиот состанок, министерот за финансии Фатмир Бесими, во рамки на годишните средби на ММФ и Светска банка во Маракеш, утре ќе се сретне со високи претставници на ММФ и Светска банка, додека задутре ќе има средби со претставници од значајни меѓународни финансиски институции.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...